Дисконти „Рај“

Од 02.03.2020 - 09:00 до 31.03.2020 - 20:00

Март во Охрид ќе го одбележи извонредното италијанско пиво „Peroni“, кое во месецот што ја најавува пролетта, во дисконтите „Рај“ ќе се продава по акциска цена од неверојатни 38 денари!

„Peroni“ е одлично избалансирано лагер пиво, со умерена горчина, кое се произведува по истиот рецепт од 1846 година, кој се пренесува од генерација на генерација.

Се наоѓа редовно на менијата во најпознатите пабови во преку 80 земји ширум светот, а кај нас сега можете да го консумирате по акциска цена во еден од продажните објекти на „Рај“ на ул. „Јане Сандански“ или на булевар „Туристичка“.

Продажбата на италијанското пиво „Peroni“ по намалена цена од 38 денари, во дисконтите „Рај“ трае до 31 март!

OhridNews