На патот до финалето и меч за одбрана на титулата во Купот на МЗТ им се најде екипата на Кожув. Првиот човек на стручниот штаб на МЗТ во живо со свои очи го следеше мечот меѓу КОжув и Фени, во кој „белите“ забележаа убедливата победа.


– Гевгеличани се цврст и искусен тим што негува физичка кошарка и сигурен сум дека ќе ги минеме во полуфиналето. Ние не треба да размислуваме за другите, бидејќи квалитетот е на наша страна, а тоа, ако го покажеме на теренот, ќе нема дилеми кој ќе се радува на победата – потенцираше Мартич.

Словенскиот стратег на клупата од МЗТ во Охрид за прв пат гледал дуел на две македонски екипи.  

Рано е да се направи комплетна слика од само два три натпревари за целокупната македонска лига. Но, со резултатите кои ги постигнуваат индивидуалците, екипите и селекцијата верувам во мошне квалитетна лига – заврши Мартич.

Мх.П.