Ракометниот клуб Охрид во името на Мартин Манасков доби свој претставник на поширокиот список од  македонскиот селектор Данило Брестовац кој го објави за претстојното Европското првенство. Манасков е дел 28-те ракометари кои ќе ги започнат подготовките и од кои селекторот треба да ги одбере патниците на континенталниот собир.

Среќен сум и чувството е прекрасно да се биде на поширокиот список од македонската репрезентација. Сакам од срце да им се заблагодарам на соиграчите, тренерот и целиот клуб кои ми овозможија да напредувам и бидам дел од стартот на подготовките. Јас ќе дадам се од себе на тренинзите и се надевам дека ќе го поминам последниот филтер и ќе бидам дел од Европското првенство, што е сон на секој ракометар. На почетокот од кариерата притисокот поради татко ми и брат ми беше голем но позитивен, а сега не чувствувам никаков притисокот, туку тие ми се голема мотивација. – изјави Манасков.

25-годишниот ракометар се осврна на дуелот со Вардар Јуниор, кој е последен за охридските ракометари во првата етапа од Супер лигата.

Вардар Јуниор, релативно е млада екипа и желна за надигрување и докажување. Во никој случај не смее да ги потцениме и да играме ноншалатно, туку да влеземе максимално во натпреварот и да го решиме во наша корист. Мислам дека одбраната која е на висина на задачата во текот на целото првенство е наша предност, а секако и нападот кој е доста ефикасен. – потенцираше Манасков.

Охрид мечот со Вардар Јуниор го игра денеска со почеток во 18 часот.

OhridNews

Раде Стојановиќ: Клупската цел ја остваривме, а со победа да ставиме точка на успешната полусезона