На Енфилд екипата на Ливерпул му одадде почит на 96-те загинати навивачи во „Хилзброу“, кој фудбалскиот свет пред 25 години го зави во црно.
Свој емотивен говор имаше и менаџерот на Евертон, Роберто Мартинез со кој ги стопли срцата на сите навивачи.
– Имам голема чест што живеам во вашиот град, кој е топол има неверојатен дух, страст и е пријателски расположен. Ова се преставува особини кои во себе ги имаа жртвите во Хилзброу. Секоја чест за начинот на кој се борите за правдата да излезе на виделина. Не морам да ви кажам дека Евертон е со вас. Оваа година ќе се изгради меморијален центар за 96-те жртви. Евертон памти и секогаш ќе памти – рече во говорот Мартинез.
До ден денес сеуште се трага по виновниците кои ја предизвикаа една од најголемата трагедија на фудбалските терени.
Мх.П.