По одложувањето на стартот на шампионатот за една недела, прволигашите ќе се соочат со “пеколен“ недела – среда – недела ритам.


Така првото пролетно коло е закажано за 11 март, три дена подоцна на 14 март се игра првото од двете прекуредни кола. Следуваат два неделни термини 18 и 25 март, а мартовскиот “возен“ ред ќе заврши во среда на 28 март, со што ќе биде заокружен вториот круг во шампионатот.

Првото коло од третиот и одлучувачки круг ќе започне на 1 април.

Распоред на мечевите на Охрид 2004:
19 коло Охрид – Турново
20 коло 11 Октомври – Охрид
21 коло Охрид – Работнички
22 коло Напредок – Охрид

М.П.