Бразилецот Фелипе Маса, бил во посета на својот некогашен тимски колега, Михаел Шумахер, кој од 29.декември минатата година се наоѓа во кома, во Универзитетската болница во Гренобл.

Поранешниот тимски колега на Шумахер рекол дека тој нема никакво право за да прогнозира колкави се шансите седумкратниот шампион да се опорави.
„Тој спие и јас сум оптимист, бидејќи тој делува здраво. Во еден момент додека бев таму тој ја помрдна устата. Сепак јас не сум доктор“, дополнил Маса.
„Макфакс“











