Десетина тополи стари повеќе од 30 години се пресечени деновиве во близина на фудбалското игралиште  во селото Љубаништа, на една од најубавите плажи на крајбрежјето.


Како што не информираа од Месната заедница инцидентот се случил во понеделникот вечерта, а месното население во вторникот утрото за непријавената сеча ја алармирало полицијата, а известена била и управата на Националниот парк Галичица.


Исечените тополи никој не ги крева, велат од Месната заедница, од каде посочуваат дека тие не биле известени за сечата иако  се работи место во атар на селото, кое локалното население го одржува со години.


Локалните жители не знаат кој ги пресекол дрвјата и со која цел, но се револтирани од уништувањето на зелениот појас кој со децении го облагородуваше просторот. Тие велат дека  се згрозени од чинот  и очекуваат надлежните институции целосно да го расветлат случајот.

OhridNews