Во хотелот „Луксор“ во центарот на Франкфурт, вчера, се избодени двајца Срби, од кое едниот починал на лице место, а другиот е префрлен во болница каде подлегнал на повредите, пренесува „Макфакс“.

Во саемскиот хотел „Луксор“ во центарот на Франкфурт, во недела вечер околу 19.30 часот, двајца српски државјани избодени се со ножеви.

Еден од нив, 37-годишниот маж, починал на лице место, а другиот 17 години помлад, иако бил тешко ранет успеал од собата на четврти кат да се симне до рецепција, оставајќи крвави траги зад себе.

Вработените во хотелот веднаш повикале итна помош и полиција, а младиот Србин е пренесен во болница, каде починал од последица на ранувањето, пренесува жКурирж.

Мотивот за стравичните убиства не е познат, а франкфуртската полиција соопштила дека истрагата е во тек и дека се трага по сторителите.

Локалната полиција не го соопштила идентитетот убиените освен нивните години и дека се државјани на Србија.