Проектот “ Маски “обработува една интересна тема, која постои уште од архаично време, а и ден денес е инспиративна.Текстот говори за нашите наводни маски , кои ги ставаме за да постигнеме нешто, можеби на полесен начин и за еден момент барем да бидеме нешто друго. Преку една актерска игра , психолошка , емоционална борба , главниот лик тежнее кон созавање на една нова персона, се со цел да може да се вклопи во едно хаотично општество, изградено со и во некој од филмовите на Стивен спилберг, Спајк Ли, со Кока кола, и МТв .. создавајќи несвесно групи и класи на луѓе.
Текстот е на Ели Аиноска Христовска , во изведба на Стрезо Стаматовски. Видеата, кои се составен дел од целиот проект, се дело на Јован Шаламаноски.
Заинтересираните може да направат резервации за билетите кои ќе се продаваат по цена од 100 денари на телефон 075/988-980.