Утрово, во 4 часот во Струга, на ул.„ Кеј Борис Кидрич“ бб, две засега непознати лица, маскирани со марами на лицата и воорушени со пиштоли, извршиле разбојништво во клуб , при што одзеле 30.000 денари. На еден од вработените кои го   обезбедувале клубот на албански јазик му кажале да легне на подот и да не мрда, по што се упатиле кон касата и на вработената и  побарале да им ги даде парите. Откако таа им ги дала парите, лицата се упатиле во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

OhridNews