Викендов, во струшкото село Подгорци, во куќата на А.А.(1957), непознат сторител извршил разбојништво над истиот, при што му одзел: 1.000,00 денари, мобилен телефон „Самсунг“, ДВД плеер, ресивер и штедна книшка од „Стопанска банка“, сопственост на оштетениот.

Разбојништвото, непознатиот сторител го извршил маскиран на лицето со платно, на главата со капа,  со работнички ракавици и нож.

Тропнал на вратата од куќата, при што А.А. отворил, а сторителот му рекол да му даде пари. Откако А.А. му дал 1.000,00 денари, сторителот му се заканил дека доколку за три часа не му донесе уште пари, ќе биде ликвидиран. Потоа сторителот влегол во куќата, од каде ги одзел останатите предмети и го напуштил лице местото.

Струшката Полициска станица превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Ohridnews