Масла од канабис веќе можат да се најдат во аптеките, меѓу лековите без рецепт. Првите два вида од препаратот се без психотропно дејство со 5 и 7 отсто од природниот екстракт на канабис. Граѓаните ќе можат да ги земат на своја рака, без лекарски совет, по цена која ќе се движи од 2.500 до 3000 денари. Производителот потенцира дека маслата делуваат на подобрување на психофизичката состојба, но исклучително како дополнување на конвенционалната терапија.

Тие можат посебно да помогнат на луѓето кои се на хемотерапија да ја издржат хемотерапијата, 22 гадењето и повраќањето, периодот по него кога луѓето немаат воопшто апетит. Тука е и сидата, анорексиите, изјави Гордана Трендовска-Серафимовска, директор на сектор за контрола на квалитет на лекови во „Реплек“.

Во моментот дозвола за производство на маслата од канабис има само само една компанија. Но, заинтересирани се и други домашни и странски производители , велат од Агенцијата за лекови. До утре, маслото ќе го продаваат сите аптеки кои го побарале овој производ, а најдоцна до крајот на месецов, на аптекарските рафтови треба да се најде и маслото со психотропно дејство. Но, ќе се издава исклучително на лекарски рецепт.

OhridNews
извор Телма