Неколку полицајци се повредени при навивачката пресметка меѓу навивачи на фудбалските клубови „Железничар“ и „Марибор“ во центарот на главниот град на Босна и Херцеговина, во пресрет на вечерашниот реванш натпревар меѓу двата тима во рамките на квалификациите за Лигата на шампионите.
Според медиумите, инцидентот го предизвикале словенечките навивачи кои скандирале погрдни слогани наменети за Сребреница. По инцидентот, словенечките навивачи со полициска придружба се протерани од БиХ и се упатиле кон Словенија.