Шпанскиот репрезентативец Хуан Мата е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед. Тој на „Олд Трафорд“ ќе се пресели за рекордни 45 милиони евра.
Мата, кој минативе две сезони беше еден од најдобрите фудбалери на „Стемфрод Бриџ“ сезонава беше во немилост на Жозе Мурињо и повеќе време минуваше на клупата него на теренот.
Доаѓањето на Мата на „Олд Трафорд“ ќе биде вистинско освежување за тимот и за Дејвид Мојс, кој „под дрво и камен“ бараше фудбалер како шпанскиот интернационалец.
Мх.П.