Со гостувањето во Њукасл фудбалерите на Манчестер Јунајтед го почнуваат месец март, кој може да биде клучен месец сезонава за „црвените ѓаволи“.

Во овој месец „бебињата“ ќе одиграат две дерби средби во Премиер лигата (Тотенхем и Ливерпул), а во 1/4 финалето од ФА купот силите ќе ги одмерат со Арсенал.

– Ќе биде потребно да дадеме се до себе во натпреварите од овој месец, кои може да ни ја одлучат сезоната. Многу беше важна победата над Сандерленд откако загубивме од Свонси една недела претходно. Сега треба да покажиме дека можиме и дека веруваме во себе. Не почне се од Сент Џејмс Парк каде неколку пати имам постигнато неколку брилијатни погодоци, па нека биде така и на дуелот в среда. – напиша на својот блог Хуан Мата.

Моментално на табелата „црвените ѓаволи“ се наоѓаат на четвртата позиција со бод помалку од Арсенал и два повеќе од петтопласираниот Ливерпул.

Ohridnews