Филмот „Матасари“ на охридскиот режисер Илија
Пиперкоски ќе биде премиерно прикажан во Македонија во рамките на програмата
„Македонска Панорама“ на годинешниот 33-ти Меѓународен фестивал на филмската
камера „Браќа Манаки“.

Фестивалот ќе се одржи од 15 до 21 септември
во Битола.


За наградите златна, сребрена и бронзена
камера 300 ќе се натпреваруваат 11  филма
избрани од страна на селекторот Благоја Куноски.

Годинешното фестивалско издание ќе биде
отворено со премиерното прикажување на македонскиот филм „Трето полувреме“
од  режисерот Дарко Митревски, а ќе биде
затворено со филмот „Балканот не е мртов“ од македонскиот режисер Александар
Поповски. И двата филма се дел од натпреварувачкат апрограма. Останатите
проекции доаѓаат од Кина, Италија, Полска, Русија, Португалија и Франција.

Инаку,
„Матасари“ на Пиперкоски кој живее и работи во Романија, преку фестивалот
„Браќа Манаки“ ќе биде премиерно прикажан во Македонија. Се очекува во Битола
да присуствува и дел од актерската екипа што настапува во филмот.

OhridNews