Во рамки на 5-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид во сабота, 03 октомври, гостува во Скопје кај РК Вардар.

Очекувам тежок меч, двете екипи се во добра форма. Вардар има добар тим, но ние имаме една недела добро да се подготвиме за натпреварот и одиме во Скопје по 2 бода, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Доминик Мате.

Натпреварот се игра во салата „Јане Сандански“ со почеток во 19 часот.

OhridNews