Академикот Матеја Матевски е прв добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ во 1963 година за поетската книга „Рамнодневница“. Истото високо признание го има добиено и во 1981 година за книгата „Липа“.
Тој е и еден од основачите на „Струшките вечери на поезијата“, а од 1974 до 1977 година е претседател на Советот на манифестацијата. Во 2005 година тој го добива високото признание за литература „Премиор медитерано пер литературе 2005“, кое го доделува Медитеранската академија со седиште во Неапол, која со своите активности ги поврзува земјите од Средоземјето.
Министерот за култура, Елизабета Канческа – Милевска најави дека во август во Струга, со цел да се прослави гламурозниот јубилеј, ќе дојдат голем број истакнати имиња. По повод јубилејот ќе бидат издадени поштенска марка и посебно издание од Зборникот на народни песни од браќата Миладиновци.