За разлика од досега , кога првооделенчињата учеа само да ги препознаваат броевите од 1 до 10 од оваа учебна година тие ќе бројат до 100 и назад, а ќе читат и пишувааат од 0 до 20, пишува „Телма“.
Реформата спроведена според Меѓународниот центар за наставни програми Кембриџ предвидува и да научат да бројат во парови, но и собирање и одземање.
Наставата по математика ќе биде поделена на пет подрачја: броеви, математички операции, геометрија, мерење, работа со податоци и решавање проблеми, а ќе се реализира со фонд од 5 часа неделно, односно 180 часа годишно.
Учениците нема да изучуваат посебни предмети хемија и физика, како што се шпекулираше, туку напротив, таква тематика ќе биде застапена во предметот природни науки.
Инаку, во следните неколку години се предвидува по оваа програма да учат и учениците од повисоките паралелки во основното образование.
OhridNews
извор: „Телма“