Бугарскиот  фудбалски сојуз му врачи отказ на Германецот Лотар Матеус, поради лошите резултати на бугарската репрезентација во квалификациите за Европското првенство што во 2012 година ќе се игра во Украина и Полска.


Во квалификациската група за Евро 2012 во конкуренција со Англија,
Швајцарија, Црна Гора и Велс, Бугарија е
на четвртото место со само три постигнати и 12 примени голови.

„Причините за смената се многубројни, а најголемата е сé поголемото незадоволство од селекторот во самата репрезентација. Матеус е известен за одлуката и тој тоа го прими мирно“, изјави Михајлов,

Матеус беше првиот странец на кормилото на бугарската фудбалска репрезентација.

Ohridnews