Недоразбирањaта на релација Буграска фудбалска федерација – Лотар Матеус ја доведуват во прашање пријателската средба Македонија – Бугарија планирана за 9 февруари. 

Селекторот на Бугарија, Лотар Матеус при неговата инагуарација напомена дека ќе бара од федеарацијата да бидат закажани тест средби со светските фудбалски велесили, нешто слично како што тоа било случај кога бил селектор на Унгарија.

–    Сакам мојот тим да игра натпревари со Бразил, Аргенитина, Германија. Кога бев селекторт на Унгарија имавме контроли со такви селекции. Само на средби со такви противници има што да се научи. Не сакам да ги омаловажувам останатите репрезентации но за да напредуваат моите репрезентативци треба да играат против најдобрите на светот – смета Матеус.

Во моментов како стојат работите тешко дека Бугарската Фудбалска Федерација ќе му ги исполни желбите на поранешниот најдобар фудбалер на светот.

М.П.