Селекторот на фудбалската репрезентација на Бугарија, Германецот Лотар Матеус, се премисли и побара националниот тим на нашиот источен сосед да одигра пријателски натпревар со Македонија пред квалификациската средба за ЕП 2012 со Црна Гора на 4 јуни, пренесува бугарскиот сајт “24 часа”.
Тој својата желба ја соопштил по победата на тестот против Кипар (1:0).
Можен термин за одигрување на пријателската средба е месец мај.










