Седумина бугарски репрезентативци до раните утрински зори се забавувале во ноќен бар во Минск по поразот на националниот состав од Белорусија со 1-0. Селекторот Лотар Матеус ги открил фудбалерите кои ја игнорирале неговата наредба да останат во хотелските соби по слабата игра пренесуваат бугарските медиуми.


Матеус одлучил да ги казни со по 2000 евра, а доста веројатно и дека нема да ги сврсти во составот за наредниот квалификациски меч со Англија.

Од Буграскиот фудбалски сојуз се уште не ги откриваат имињата на фудбалерите, но по обајвуањето на списокот за мечот со Англија нивниот идентиет ќе биде разоткриен.

Ohridnews