Новиот фудбалер на Рома, Немања Матиќ, призна дека се преселил во римскиот клуб поради тренерот Жозе Мурињо.

Во јуни 2022 година, фудбалерот потпиша договор со тимот од Рим до 2023 година.

Добро се познаваме и среќен сум што повторно ќе работам со него. Тука сум поради Мурињо. Би сакал да бидам играчот кој има најмногу настапи под водство на Мурињо и да бидам пред Лампард. Ми се допаѓаат амбициите на Рома, го цитира Матиќ „ИТА Спорт прес.

Во сезоната 2021/22, Матиќ одигра 32 настапи за Манчестер јунајтед и оствари четири асистенции.

Матиќ е во Манчестер Јунајтед од јули 2017 година. Претходно играше под водство на Жозе Мурињо во Челзи и Манчестер јунајтед.

OhridNews