Матичните лекари во петок на 26-ти септември 2014 година ќе одржат три-часовен протест, објавија неколку национални медиуми.

Според најавите матичните лекари ќе протестираат со тоа што на пациентите нема да им издаваат електронски упати, додека пак останатите прегледи и издавањето на рецепти ќе се одвива нормално.

Одлуката за протест е донесена од страна на Собранието на Здружението на приватните лекари, по истекот на рокот од три недели, кои лекарите им го дадоа на надлежните за да ги повикаат на разговор за нивните барања.

Лекарите бараат фиксни плати од 40.000 денари за лекар и 20.000 денари за медицинска сестра, зголемување на капитацијата по пациент, како и воведување на партиципација и решавање на суштинските проблеми со префрлањето на пациентите, кога еден од двајцата лекари ќе ја напушти ординацијата.

OhridNews