Поранешниот аргентински репрезентативец Матијас Алмеида е назначен за нов тренер на Ривер Плата. Аргентискиот клуб кој 33 пати бил шампион на Аргентина, викендов прв пат во својата 110 годишна историја испадна од првата лига.


За Алмеида (33) ова ќе биде прва тренерска работа. Како играч ги носеше дресовите на Ривер Плата, а во Европа играше за Севилја, Лацио, Парма, Интер и Бреша.

Ohridnews