Наводите во Кривичната пријава против претседателот на Здруженито на  инвалидски пензионери од Охрид, поднесена деновиве, се инсинуации со цел негово  дискредитирање, како и обид за прикривање на скриени цели, обвинуваат од здружението, според кое зад случајот се кријат задкулисни игри со кои се сака да се занемари судска одлука за процес кој оваа организација го води 16 години.

Во реакцијата на Здружението на инвалидски пензионери понатаму стои:

– Имено со правосилна пресуда на Апелационен суд во Битола, домот на пензионери е поделен на по една идеална половина помеѓу Здружението на пензионери и Здружението на инвалидски пензионери од Охрид. Плус здружението на пензионери е задолжено да плати 1.700.000,оо денари за трошоци. Здружението на пензионери поднесе правен лек до Врховниот суд. За судот да донесе пресуда во корист на Здружението на пензионери потребно е донесените пресуди на Основниот суд во Охрид и на Апелациониот суд во Битола да ги донеле своите пресуди врз докази кои претходно се направени со кривично дело. Од тие причини Здружението на инвалидски пензионери, како што е пренесено во медиумите, е осомничено дека со поднесување лажни докази и давање лажни изјави судовите ги навело да ги донесат своите пресуди. Процесот пред судовите траеше 16 години. Во тоа време можеше да се поднесат претставки и други докази, како и доказите за извршено кривично дело. На ваков начин свесно се омаловажуваат судовите и се доведува во прашање стручноста на судиите. Исто така по прашањето на домот еднаш е донесена правосилна пресуда за што според Законот не е дозволено за иста работа два пати да се постапува. Очигледно се работи матни работи во кои длабоко е инволвирано Здружението на пензионери. – се вели во реакцијата на Здружението на инвалидски пензионери Охрид, а по повод неодамна поднесената кривична пријава против претседателот на ова здружение.


Некој ги омаловажува судовите обвинува Здружението на инвалидски пензионери

OhridNews