Валтер Мацари е новиот тренер на Интер. По отказот на Страмачони, сопственикот Масимо Морати го назначи поранешниот тренер на Наполи за нов предводник на “нероазурите“. Валтер Мацари е 19- от тренер во ерата на Масимо Морати.


Хоџсон во сезоната 1996/97 го загуби финалето во Уефа купот на пенали од Шалке


Ниту романецот Лучески не се прослави на клупата на Интер


во 1999 година Интер го предводеше Марчело Липи


Поразот од Лацио на 5 мај го чинеше Интер скудето.Хектор Купер

Морати на чело на Интер дојде во 1995 година и од тогаш до сега промена 18 тренери меѓу кои и Марчело Липи, Алберто Закерони, Леонардо, Лучески, Хоџсон, Купер. Во овој период Интер го освои Купот на Уефа 1998 година под водство на Џиџи Симони. Три скудета и два италијански купа освои во ерата на Манчини, додека секако незаборавна е “триплетата“ во 2010 година со “Специјалниот“ Жозе Мурињо.

Потоа следуваше уште триумфот на Светското клупско првенство со Бенитез на чело. Леонардо го освои купот на Италија, но победничките денови за Интер веќе беа минато. Следуваше авантурата Гасперини, но ниту тој, ниту Раниери подоцна не успаа да го вратат Интер на победничките патеки. Тоа не му успеа ниту на младиот Андреа Страмачони кој по 14 месеци на клупата доби отказ.

Иднината на Интер е во рацете на Валтер Мацари.

ohridnews