По завршување на сезоната Горан Пандев и Наполи ќе останат без тренерот Валтер Мацари. Тој според италијанските медиуму потпишал пред договор со Интер, а по последното коло од Серија А трансферот ќе се официјализира.

На барање на Мацари, Пандев беше доведен во Наполи. Тој го воздигна фудбалот во Неапол, го направи Наполи стабилен и респектабилен калчолигаш.

Како можна замена за Мацари на клупата од Наполи се споменува Роберто Манчини, кој пред неколку дена заработи отказ од премиерлигашот Манчестер Сити.

Мх.П.