Валтер Мацари не е повеќе тренер на Наполи. Тој по завршување на мечот со Рома им признал на новинарите дека по четири годишна соработка заминува од клубот.

За следна дестинација на Мацари се споменува екипата на Интер, која со младиот стратег Андреа Страмачони имаа сезона за заборав.

Како наследник на Мацари се споменува Италијанецот, Роберто Манчини, кој остана без работа по отказот од Манчестер Сити.

Мх.П.