Ротација во составот за денешниот меч против Каљари најави стратегот на Наполи, Валтер Мацари и го најави како стартер македонскиот интернационалец Горан Пандев.


– Не очекува тежок натпревар, сличен како оној против Парма, мора да бидеме максимално концентрирани и фокусирани да влеземе во мечот. Новини во составот ќе бидат Илнер, Ѕунига и секако Пандев, кој ќе го завземе местото на Кавани во нападот. Нашата играчка филозофија не се менува, одиме на секој натпревар да победиме – истакна Мацари.
Покрај мечот Наполи – Каљари, играат уште Кјево – Интер. Двата меча започнуваат во 20.45 минути.










