Во рамки на полуфиналните натпревари од Ф4 турнирот од Купот на Македонија кој ќе се одржи на 31.05-01.06 во Охрид, екипата на ГРК Охрид се среќава со екипата на РК Еурофарм Пелистер.
Како што се ближи крајот на сезоната, одржувањето на Ф4 турнирот во Охрид ни дава повеќе шанси да се бориме заедно со навивачите. Ова ни значи многу на нас играчите и е голем извор на сила. Да се обединиме во едно – играчи и навивачи за натпревар за паметење, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Хироки Матсуока.
Натпреварот се игра на 31 мај во салата „Билјанини Извори“ со почеток во 19:30 часот.
OhridNews