Компании за трговија со пијалоци, продавници за здрава храна, салон за разубавување, аква паркови- беа дел од виртуелните компании кои денес се претставија на традиционалниот Саем на компании , што секоја година се оддржува во Економското училиште.

Учениците имаа можност да извршат спој на теоретскиот и практичниот дел  од она што го научиле во рамки на предметот Училишни компании што е дел од наставната програма на економските паралелки.

Како што обајаснува професорката  Царева Цветаноска  целта од организирањето на Саем на компании е учениците во виртуелните компании да го ефектуриаат своето знаење за водење на бизнис, при што се стекнуваат со практични знаења кои можат веднаш да ги применат во реалниот свет.

Т.К.

Охридските гимназијалци со уште една потврда на неспорниот актерски талент