Матурантите Македонци и Албанци од двете струшки средни училишта „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ и Средното училиште Нико Нестор и годинава одвоено ќе ја прослават матурска забава. Не успеаја обидите на наставниците и раководниот кадар во двете училишта, учениците по долги години повторно заедно да одат на матурската прослава, објави телевизија „Телма“ на својата официјална веб страна.

Двајцата директори имаат различна програма за реализација на матурската вечер. Но, за една работа имаат исто мислење. Сметаат дека треба да се организира прослава само  една вечер, па дури и заедничка прослава на сите матуранти. Годинава матурантите од македонска национална припадност од „Нико Нестор“, ќе слават во хотел „Дрим“, додека пак матурантите од албанска националност ќе бидат во хотел „Дипломат“. Албанските матуранти од „Ибраим Темо“ ќе слават во „Аполонија“, а Македонците во „Климетица“ во Охрид.

Годинава од струшките средни училишта излегуваат 715 матуранти.

OhridNews