Младите охридски матуранти ја искористија можноста да постават некое прашање, на што љубезните домаќини со нескриено задоволство одговараа и притоа изразија дури и изненаденост што група средношколци минале толкав пат за да го одгледаат токму нивниот настап и се дружат со културата.
Охридските гимназијалци не ја пропуштија можноста да направат неколку фотографии за спомен на тоа несекојдневно дружење со главните актерки на мјузиклот, познатите глумици Љиљана Стјепановиќ и Елизабета Ѓоревска.
Матурантите од охридската Гимназија се дружеа со познати актери во Белград