Вчера во просториите на ОУТУ „Ванчо Питошески“ се одржа едукативна работилница за пензиско штедење, на која присуствуваа учениците од завршните класови од училиштето.

Учениците беа запознени што терминот задолжително и доброволно пензиското осигурување, како и со трите пензиски столба.

„Човекот заработува додека е млад, а во старост живее од пензија па учениците беа информирани како да ги заштедат своите пари, да заштедат за својата иднина бидејќи секое патување започнува со планирање, а секој си ја планира својата иднина.“ – велат од ОУТУ „Ванчо Питошески“.

Инаку, настанот беше организиран во соработка со НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија – ПИОМ, како и со Министерството за труд и социјална политика.

OhridNews