Матурската парада на која ќе настапат 360 матуранти од гимназијата “ Св.Климент Охридски“ ќе се одржи денеска на пладне на градскиот плоштад  во Охрид. Матурантите осум минути ќе танцуваат  квадрил на музика од Штраусовата опера „Лилјакот“.

Охридските матуранти се дел од големата европска манифестација која годинава се одвива под мотото „Со танц против насилството“. Тие истовремено ќе танцуваат заедно со нивни врсници од стотина градови од 10 земји во Европа. Сите заедно и годинава ќе се обидат да го урнат Гинисовиот рекорд во групно танцување. 

OhridNews