Просекот на постигнатиот успех на матурата оваа година е 3,18 и е повисок од минатата година кога тој изнесуваше 3,09, соопшти на прес конференција денеска Министерството за образование.

Најдобри резултати на матурата оствариле средношколците од битолската гимназија „Јосип Броз Тито“, пред скопските училишта „Раде Јовчески – Корчагин“ и „Орце Николов“, по кои следи охридската гимназија „Св. Климент Охридски“.

Учениците кои не ја положиле матурата, ќе имаат шанса за поправен во август, а доколку и тогаш не успеат, следно ќе може да полагаат во јуни 2014 со идните матуранти.

OhridNews