Без победник 1-1 заврши првата полуфинална пресметка во Купот на Италија помеѓу Јувентус и Лацио.


“Старата дама“ со голот на Пелусо во 65-та минута поведе со 1-0. “Бјанконерите“ одолеваа на нападите до 86-та, кога Маури го изедначи резултатот и ги остави сите карти отворени во полуфиналниот дуел.

Во вториот 1/2 финале натпревар ќе се сретнат Рома и Интер.

Мх.П.