Вчера околу 13 часот и 30 минути, во СВР Охрид, било пријавено дека маж паднал во  непристапен терен на потегот помеѓу „Лабино“ и „Канео“.

Полициски службеници од езерската полиција, со пловен објект пристигнале не местото при што констатирале дека се работи за 57-годишно лице од Охрид. Тој е пренесен до месноста „Грашница“ од каде со возило на Брза помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“, каде му се констатирани тешки телесни повреди.


Охридската полиција ноќеска во 2 часот евидентирала уште еден инциденти, пред ноќен клуб на улицата „Партизанска“ каде бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу пет лица од кои едното било малолетно. Две се здобиле со повреди и биле згрижени во Општата болница. Со малолетното лице учесник во тепачката е извршен разговор во присуство на родител, а по целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

OhridNews