Вчера вечер околу 22.15 часот во ПС-Струга, 47-годишен жител на Делчево, а со привремен престој во Струга, пријавил дека истиот ден околу 17.15 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата невенчана сопруга (36) од с.Радолишта, струшко, при што со неа го зела и нивното седуммесечно бебе.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопшти МВР.
OhridNews