Случајот во полиција го пријавил граѓанин кој забележал неподвижно тело во снегот покрај коловозот. Увид на лице место извршиле истражните органи и лекарска екипа, при што кај починатото лице било забележано видливо оштетување на левата ногавица, во делот на потколеницата. Утврден е идентитетот на лицето и се работи за Трајче С. од с.Манастирско Доленци, Општина Другово.
По наредба на истражен судија над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.