Чорапи во форма на змија го прелажале сопругот кој веднаш се справил со „змијата“ со безбол палка.

Жена од Австралија завршила во болница со повеќе скршеници на стапалата откако сопругот ја удрил со безбол палка мислејќи дека во креветот му влегла змија. Имено, жената облекла секси чорапи во форма на змија, а тие биле толку уверливи што на смрт го преплашиле сопругот.

Кога сфатил дека змијата всушност е стапалато на сопругата, веќе било предоцна, па жената завршила во болница со скршеници. Фотографиите на змиските чорапи и скршената нога станаа вирални на интернет.

OhridNews
фото: Фејсбук