Околу седум часот утрово, маж почнал да напаѓа луѓе со мачета во североисточен Лондон. Пред тоа со автомобилот удрил во куќа.

Денеска околу 7 часот добивме пријава дека возило удрило во куќа во областа Тарлоу Гарденс. Имаше извештаи за избодени луѓе. Во овој момент знаеме дека осомничениот продолжил да напаѓа други припадници на јавноста и двајца полицајци, соопштија од полицијата.
Триесет и штестгодишниот напаѓач е уапсен, соопшти полицијата. Оттаму додаваат дека не веруваат дека напаѓачот имал помагачи, а истрагата за мотивите на нападот е во тек.
OhridNews
фото. МИА/Принтскрин „Х“











