Дрим тимот на Пари Сент Жермен со титула ја започна новата сезона победувајќи го Рен со 2-1 (0-1) во Супер купот во Франција. Мечот се одигра на стадионот „Шензен“ во Кина пред 60 000 гледачи.

„Светците“ на дуелот со Рен не ги повторија грешките од финалето во Купот на Франција кога изгубија и останаа без трофеј. Избраниците на Томаш Тухел не го започнаа мечот најдобро и дозволија противникот да поведи со 1-0 после 13 минути игра. Стрелец на голот беше Адриен Хоноу. Примениот погодок ги разбуди „светците“ кои почнаа да го притискаат противникот. До крајот на првиот дел бедемот пред голот на Рен издржа и на одмор се замина се резултат 1-0.

Во второто полувреме ПСЖ го зголеми темпото а шансите се редеа. Во 57-та минута, Килијан Мбапе го изедначи резултатот погодувајќи ја мрежата после додавањето од Пабло Сарабија. Погодокот за одлука за победникот во Супер купот го постигна Анхел ди Марија. Аргентинецот во 73-та минута со одмерен удер од слободен го матираше голманот на Рен и донесе водство. Во продолжението Рен притисна но ПСЖ лесно ја одбрани миналната предност и победи во Супер купот.

За најдобар играч во финалето одбран беше Мбапе, додека Нејмар кој не е во најдобри односи со луѓето во клубот мечот го проследи од трибините.

OhridNews