Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе се повреди на натпреварот од 21. коло на шампионатот на Франција против Монпелје (3:1).

Дваесет и четиригодишниот Французин беше заменет во 21-вата минута. Според „Л’Екип“, играчот го повредил коленото и сега може да го пропушти осминафиналето на Лигата на шампионите против Баерн.

На натпреварот против Монпелје се повреди и дефанзивецот Серхио Рамос. Средбата ПСЖ – Баерн ќе се одигра на 14 февруари во 21 часот.

OhridNews