Меѓународен турнир во кошарка „КК Колибри“- Охрид во категорија: девојчиња и момчиња, генерации М9, М12 и М14 ќе се одржи од утре до 21 jуни во спортската сала „Билјанини Извори“ – Охрид. Натпреварите ќе се играат од 9 до 12 часот и од 16 до 22 часот.

На едно место ќе бидат собрани 200 деца. Најуспешните во своите категории ќе бидат наградени. Овој турнир го организираме по трет пат со поддршка на Општина Охрид. Голема благодарност и до нашите спонзори, пријатели и подржувачи сите овие години, без кои овој турнир не може ни да се замисли. Ветуваме добри натпревари, многу кошеви, забава и изненадување за најмалите, велат организаторите.
Посочуваат дека свеченото отварање ќе се одржи во вторник, 18 јуни, со почеток во 19 часот.
OhridNews










