Меѓународен турнир во кошарка – Охрид 2025 год. во организација на кошаркарскиот клуб Колибри – Охрид ќе се одржи од 10 до 13 јуни во спортската сала „Билјанини Извори“. На турнирот учество ќе земат девојчиња и момчиња, генерации М10, М12, М14 и М16.
Започнавме локално, па државно, а сега сме интересни за цел регион. На турнирот ќе настапат 12 екипи од Р. Србија, Р. Црна Гора, Р. Албанија и Р. С. Македонија во предвидените натпреварувачки генерации, нешто повеќе над 300 деца, велат од клубот.
На свеченото отворање на 10 јуни во 18 часот најавуваат дека обраќања ќе имаат градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и почесниот конзул на Р.Србија во Македонија, Михајло Филев.
Инаку, турнирот се одржува четврта година по ред, а КК Колибри оваа година бележи 22 година постоење.
OhridNews