Mеѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „ОХРИД ОПЕН 2025” кој се одржа изминатиот викенд во СРЦ „Билјанини Извори” во Охрид организиран по највисоки стандарди.
На натпреварот во организација на Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација и Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид учествуваа над 270 натпреварувачи од 30 клубови од 8 земји од регинот, Италија, Хрватска, БиХ, Србија, Бугарија, Грција, Албанија и Македонија.
„ОХРИД ОПЕН 2025” е ставен на рејтинг листата на ИТФ, каде што се собираат критериуми за европски и светски првенства, со што придонесе за поголема масовност на натпреварот. Исто така имавме чест да учествуваат репрезентациите на неколку држави, со што и квалитетот на натпреварот беше на повисоко ниво од минатата година. Изразувам благодарност на нашиот генерален спонзор „ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен што стигнавме до овај степен да можеме да организираме натпревар по највисоки стандарди, а воедно и најзаслужен за сите успеси на М.Т.Т.Ф. Благодарност и до Општината Охрид и до Министерството за спорт што несебично ни помогна да го организираме овој турнир, вели Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, претседател на Македонската Традиционална Таеквон-до Федрација, поранешен светски вицешампион Прага’96.
Натпреварот, посочува, бил организиравме по сите највисоки светски ИТФ стандарди, со електронски судиски ситем, со можност за видео протест, за кој бил лично задолжен Антон Аркхипов, специјален асистент на претседателот на ИТФ, заштитник за сите податоци. За судиската екипа бил задолжен еден од најдобрите судии во светот Мастер Вергилиј Ситнилски носител на црн појас VII дан, потпретседател на судиската комисија на ИТФ, претседател на судискиот комитет за Источна Европа и генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација, кој со своето искуство помогна турнирот да тече без никаков застој и во најдобар ред.
Свој придонес во беспрекорната организација и реализиација, посочува Лазаревски имаше и судиската екипа која делеше несебично правда и овозможи најдобрите да се качат највисоко на пиедесталот.
Најтрофеен клуб од Македонија беше домаќинот Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, освојувајќи 7 златни, 7 сребрени и 11 бронзени медали и 1 пехар за најдобар поединец (Миа Танеска).
За најдобари клубови на натпреварот беа избрани:
- 1 место: Фалкон, Благоевград, Бугарија
- 2 место: Василена, Перник, Бугарија
- 3 место: Српски Соко, Зворник, БиХ.
OhridNews