Меѓу загинатите во автобуската несреќа што се случи попладнево на автопатот Скопје – Тетово, бил и 25годишниот Јовица Трпевски, член на кошаркарскиот клуб Гостивар и син на пратеникот Благојче Трпевски.

Трпевски е една од 13-те жртви во тешката сообраќајна несреќа, во која се повредени над 30 патници, од кои осум се во многу тешка состојба и се борат за живот.

OhridNews